ИНФОРМАЦИИ ЗА ОБРАБОТКАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ ПРЕКУ КОЛАЧИЊА И ДРУГИ ВЕБ-ТЕХНОЛОГИИ

Со оваа веб-страница („Веб-страница”) управува ŠKODA AUTO a.s., со регистрирана канцеларија во: tř. Václava Klementa 869, Mladá Boleslav II, 293 01 Mladá Boleslav, Република Чешка, и поштенски код: 29360, идентификациски број: 001 77 041, регистрирана во Трговскиот регистар што го води Општинскиот суд во Прага под датотека број B 332 („ŠKODA AUTO“ или „ние“) за целите на нудење услуги за корисниците („Корисник“ или „Вие“) на веб-страницата.

Овие информации за обработката на личните податоци преку колачиња и други веб-технологии („Информации“ или „Соопштение“) објаснуваат како ги обработуваме Вашите лични податоци преку веб-технологии. Ова Соопштение особено укажува на тоа (i) кои веб-технологии можеби ги употребува Веб-страницата, (ii) какви лични податоци обработуваме за Вас, (iii) како и за кои намени ги користиме и обработуваме тие податоци, (iv) каде и кому ги пренесуваме овие податоци и (v) како ги штитиме податоци и кои права ги имате во однос на обработката на податоците.

Повремено, ова Соопштение може да претрпи измени. Сите измени во ова Соопштение ќе бидат објавени на веб-страницата и во случај на значајни промени, ќе бидете известени за истите.

Кои веб-технологии можеби ги користи Веб-страницата:

Ние, како и одредени трети страни коишто овозможуваат содржина, реклами или други функционалности на нашата Веб-страница, може да користиме разни технологии за собирање и обработка на податоци кога ја посетувате Веб-страницата и истите може да вклучуваат колачиња и други технологии.

Колачиња
Колачињата се мали датотеки коишто се зачувуваат на вашиот уред и ни помагаат да собираме податоци за Вашите активности. Поточно, колачињата ни овозможуваат да ги меморираме Вашите поставки и претпочитани вредности, да ги запомниме Вашите податоци за пристап, да овозможиме целна маркетиншка содржина и да можеме да разбереме кој дел од Веб-страницата е најпопуларен со цел анализа на нејзиното функционирање. Колачињата може да бидат од нас („колачиња од прва страна“) или од трети страни чиишто услуги ние ги користиме („колачиња од трета страна“).

Повеќето прелистувачи се стандардно поставени за автоматско прифаќање на колачињата. Сепак, Клиентот има опција да го постави прелистувачот да ги прикажува колачињата пред да ги складира или категорично да ги одбие. Детали за параметрите на колачињата и други измени за нив кај најчестите прелистувачи, можете да најдете тука:

Google Chrome:
https://support.google.com/accounts/answer/61416?hl=en

Internet Explorer:
https://support.microsoft.com/en-gb/help/17442/windows-internet-explorer-delete-manage-cookies

Microsoft Edge:
https://privacy.microsoft.com/en-us/windows-10-microsoft-edge-and-privacy

Mozilla Firefox:
https://support.mozilla.org/en-US/kb/enable-and-disable-cookies-website-preferences

Opera:
http://www.opera.com/help/tutorials/security/privacy/

Safari:
https://support.apple.com/kb/PH19214?locale=cs_CZ&viewlocale=en_US

ŠKODA AUTO сака да Ве предупреди дека измената на параметрите во еден прелистувач секогаш се однесува само на дадениот прелистувач, но не и на останатите. Ако Клиентот користи повеќе прелистувачи, мора да ги измени и параметрите одделно во сите прелистувачи. Покрај тоа, Клиентот може во секое време да ги избрише колачињата од медиумската меморијата. Дополнителни информации за функцијата за користење можете да најдете во соодветниот прелистувач или оперативниот систем.

Можете во секое време да одредувате дали прелистувачот ќе ги прифаќа сите колачиња, дали ќе ги исклучува или дали ќе прифаќа само одредени. Имајте предвид дека Веб-страницата е направена да функционира кога се вклучени сите колачиња, така што некои од функциите на Веб-страницата може да не функционираат правилно ако колачињата се исклучени.

IP адреса
IP адресата е единствен број што се назначува на компјутер или на друг уред што комуницира преку интернет-протокол. Секојпат кога се испраќаат податоци, треба да ја знаете IP адресата на испраќачот и на примателот.

Аналитички скрипти
Аналитичките скрипти се мали компјутерски кодови, коишто може да се користат за следење на корисниците и како се однесуваат на веб-страниците. Тоа може да бидат разни податоци, од следење дали корисникот посетил некоја веб-страница до податоци од подетално следење на активностите, како додавање производи во кошничка, избирање на производ, поднесување на формулар итн. Аналитичката скрипта може да ги испрати собраните информации до трета страна, односно до провајдерот на компјутерскиот код.

Лични податоци што се обработуваат:

Веб-страницата ги обработува следните категории на лични податоци и податоци за Вас: Користење на Веб-страницата. Може да обработуваме податоци за тоа како ја користите Веб-страницата на Вашиот компјтер, телефон или друг уред со којшто пристапувате на Веб-страницата. На пример, обработуваме податоци како:

  • Податоци за уредот: модел на хардвер, единствени идентификатори на уреди, MAC адреса, IP адреса, верзија на оперативен систем и поставки на уред;
  • Дневник: Времето и времетраењето на користење на Веб-страницата, податоците од пребарувања и информации што се меморираат во колачињата коишто може уникатно да го иденификуваат Вашиот прелистувач или сметка;
  • Податоци за локации: Податоци за Вашата локација што се добиени со различни технологии за позиционирање, како GPS, точки на Wi-Fi пристап или други сензори коишто може да добијат податоци од уреди во близина;
  • Други податоци: Податоци за користење на Веб-страницата коишто можеби би ги обработиле ако не посетите или користите страници или апликации од трета страна за да соработувате со нас, но и податоци за Вашата интеракција со содржината на Веб-страницата.

Вршиме и комбинирање на добиените лични податоци за Вас и за Вашите активности со други информации што ги добиваме од јавно достапни извори во случаи каде што е тоа дозволено со законот.

Намера на обработката и опис:

Личните податоци ги обработуваме и користиме за следните намени:

Овозможување функционална веб-страница. Вашите лични податоци ни помагаат да ги загарантираме основните функции како навигација, пристап до обезбедени секции на Веб-страницата, брзо овозможување на содржината или автентикација на корисници. Веб-страницата не може да работи правилно без да ги обработи податоците што се потребни за таа намена.

Зачувување на претпочитаните вредности на корисниците во однос на доменот за време на сесијата на користење или за друг разумно краток период. Личните податоци се користат со цел попријатно користење на Веб-страницата преку меморирање на податоци за Вашите поставки, како јазикот, регионот, резолуцијата на екранот, согласноста за користење колачиња и повеќе.

Зачувување на претпочитаните вредности на корисниците за сите веб-страници. Личните податоци се користат со цел попријатно користење со тоа што податоци за Вашите поставки ќе бидат пренесени на другите сродни веб-страници, како поставките за јазикот, регионот, резолуцијата на екранот, согласноста за користење колачиња и повеќе.

Следење на посетеноста на Веб-страницата: Аналитичките колачиња од прва страна се користат за следење на посетеноста. Таквите колачи не содржат уникатни податоци за идентификација на корисниците.

Статистика и анализа на однесувањето на корисниците. Личните податоци се користат за создавање статистика и за следење и анализа на однесувањето на корисниците на различни веб-страници. Податоците може да се користат за создавање на анонимни извештаи. Корисникот може да биде анализиран според комбинација на одредени лични податоци, коишто се меморираат во внатрешните бази на податоци.

Рекламирање производи и поврзување со социјални мрежи. Вашите лични податоци се користат за да Ве информираме за производи и услуги на ŠKODA AUTO и на трети страни, за настани, натпревари, билтени, реклами, каталози. Одредени лични податоци се користат за целење на пораки за работите наведени горе. Вашите лични податоци се користат со цел веб-страниците да бидат меѓусебно поврзани со социјалните мрежи и содржината да може да се споделува низ овие мрежи.

Како ги обработуваме Вашите податоци:

Обработката на личните податоци особено вклучува собирање, меморирање на провајдери на интернет, сортирање, користење и меморирање и бришење на лични податоци, автоматски или рачно, со цел исполнување на намерите наведени горе.

Потребата за обработка на личните податоци/доброволна обработка на личните податоци:

Одредени лични податоци може да ги обработуваме на основа на легитимен интерес на ŠKODA AUTO или на трета страна. Ова особено се однесува на колачињата што се обработуваат со цел да се

(i) загарантира функционална веб-страница,
(ii) меморираат претпочитаните вредности на корисниците во врска со доменот за време на сесијата на користење и
(iii) следење на посетеноста на Веб-страницата.

Во однос на другите намери, Вашите лични податоци ги обработуваме само со согласност, а давањето лични податоци за таква обработка е на доброволна основа, така што не сте обврзани да ги дадете. Доколку не сте дале согласност, нема да ги обработуваме вашите лични податоци.

Времетраење на обработувањето:

Во поглед на колачињата што се користат за да се загарантира функционалноста на Веб-страницата, обработката на податоците престанува кога ќе заврши сесијата на нејзино користење. Во случајот на колачињата што се користат за меморирање на претпочитани вредности на корисници во однос на доменот за време на сесијата на користење или за разумно краток период, обработката е базирана на легитимен интерес и податоците се обработуваат до 6 месеци по последното користење на Веб-страницата. Во случајот на обработка на основа на согласност, личните податоци се обработуваат за времето наведено во декларацијата за согласност или сè до повлекувањето на согласноста.

Категории на обработувачи или приматели на личните податоци што ги добиваат од нас:

Во оправдани случаи, може да ги испратиме личните податоци што ги имаме до други страни, особено до: маркетинг-агенции, компании од групацијата, даватели на аналитички и статистички услуги

Google Analytics
Оваа Веб-страница користи Google Analytics овозможено од Google, Inc. („Google“), услуга којашто користи колачиња со цел анализа на користењето на Веб-страницата. Поточно, Веб-страницата ги користи следните модули:

Google Analytics - Статус на сметката и следење на резултатите, краток преглед на публиката, активни корисници, истражување корисници, анализирана публика, квалитет на посетителите, веројатност за конверзија, извештаи за споредба, демографија и интереси, извештај за проток на корисници, извештаи од Adwords;

DoubleClick Digital Marketing - интеграција на Doublecklick Campaign Manager, активација на ремаркетинг и функции за рекламни извештаи како аналитика, оптимизација на маркетиншката содржина, оптимизација на маркетингот поврзан со пребарувачи, брзина на веб-страницата;

AdSense - AdSense за аналитика, групирање на содржина, пребарување на страниците, настани, извештаи за однесувањето, создавање цели и менаџирање на целите, напредокот на целите, атрибути, извештаи за аквизиции, однесување на корисниците.

Информациите што се добиваат од колачето за користењето на веб-страницата (вклучувајќи ја Вашата анонимизирана IP-адреса), може да бидат испратени и складирани на сервери во Соединетите Американски Држави. Google ќе ги користи информациите за намени на процена на користењето на веб-страницата, но и за да создава извештаи за операторот и за овозможување на други услуги поврзани со активностите на Веб-страницата или апликацијата, како и користењето на интернетот воопшто. Google исто така може да ги даде овие информации на трети страни доколку е тоа потребно со закон или ако таквите трети страни ги обработуваат информациите во име на Google. Можете да ги исклучите колачињата за Веб-страницата како што е опишано горе или со менување на соодветните поставки во Вашиот прелистувач, но ако го сторите тоа за сите типови колачиња, нема да можете целосно да ги користите функциите на Веб-страницата.

За да не бидете следени со Google Analytics низ сите веб-страници, одете на: https://tools.google.com/dlpage/gaoptout

За детални информации околу Google Analytics и личните податоци за приватноста, погледнете: http://www.google.com/intl/en/privacy/privacy-policy.html.

Facebook
Оваа Веб-страница користи аналитички колачиња, пиксели и други технологии од Facebook, Inc. („Facebook“), со што е возможно добивање на информации од Веб-страницата и од други страници на интернетот, при што информациите може да бидат искористени од Facebook со цел овозможување на мерила за реклами и услуги за таргетирање. Со повлекување на согласноста за колачиња на Веб-страницата или со исклучување на функцијата за собирање колачиња во Вашиот прелистувач, може да предизвикате прекин на собирањето и користењето информации од страна на Facebook, но ако го направите тоа за сите типови колачиња, нема да можете целосно да ги користите сите функции на оваа Веб-страница.

Hotjar
Оваа страница ja користи услугaта „Hotjar“, овозможена од компанијата „Hotjar Ltd“ преку користење колачиња со коишто се добива анализа за начинот на којшто корисниците ја користат страницата. „Hotjar“ е комерцијален сервис којшто овозможува следење и процена на движењата/кликнувањата со глувчето на страницата. Ова овозоможува постојано подобрување на корисничкото искуство со цел страницата да биде полесна за користење. За да функционира услугата „Hotjar“, се користат колачиња. За да ве исклучиме од услугата „Hotjar“, одете на: https://www.hotjar.com/legal/compliance/opt-out 

Други страни
На барање, Вашите лични податоци може да ги добијат јавните власти, особено судовите, полицијата на Република Чешка и други власти за спроведување на законите кога е тоа потребно и во границите на законите.

Извор на личните податоци:

Личните податоци ги добиваме директно од вас.

Трансфер на личните податоци во трети земји:

Во однос на обработката, Вашите лични податоци може да бидат пренесени во следните трети земји, односно земји надвор од Европската економска област.

Во поглед на Google Analytics и/или користење на аналитички колачиња и други веб-технологии опишани погоре од Facebook, Вашите лични податоци може да бидат пренесени на сервери лоцирани во САД. Таквиот пренос е правно дозволен на основа на одлуката на Европската комсиија за адекватна заштита на личните податоци и соодветниот сертификат на третата страна согласно Заштитата на приватност, односно здружениот правен инструмент на Европската комисија и САД со цел гарантирање на соодветното ниво на заштита на личните податоци при нивни пренос во САД, како што е дефинирано со соодветната одлука на Европската комисија. Обработката на податоците на основа на таквиот пренос не наложува исполнување на други правни услови.

За повеќе информации, одете на: http://www.skoda-auto.com/data-privacy

Автоматизирано носење одлуки на основа на личните податоци коишто може да се од правен или друг интерес:

Како дел од оваа обработка, нема да се применува автоматизирано носење одлуки.

Други информации

Личните податоци можеби ќе бидат архивирани за јавен интерес и употребени за научни, историски или статистички истражувачки цели.

Немаме контрола над содржината на надворешните веб-страници, кон коишто водат врски вметнати низ Веб-страницата како хиперврски. Не сме одговорни за обработката на Вашите лични податоци од страна на надворешните веб-страници. Овие хиперврски се вметнати како дополнителни услуги за корисниците и пристапот до нив е на нивни ризик.

Со цел да се загарантира максималната заштита од неовластен пристап или неовластено менување, разоткривање или уништување на податоците што ги собираме и обработуваме, преземавме соодветни организациски и технички мерки, вклучувајќи физички, електронски и раководни процедури со цел заштита и обезбедување на информациите што се собираат преку оваа страница. Вашите чувствителни податоци и/или личните податоци што ги внесовте на нашата Веб-страница се шифрирани и заштитени со SSL сертификат. И покрај тоа, не можеме да загарантираме дека Вашите лични податоци ќе бидат безбедни ако ги пренесувате самите Вие или ако ги третирате на несигурен начин.